ДОКУМЕНТИ ЗА КОНКУРИРАЊЕ ВО ПРВА ГОДИНА
12.07.2024 2024-08-20 13:46ДОКУМЕНТИ ЗА КОНКУРИРАЊЕ ВО ПРВА ГОДИНА
ЗА УЧЕБНА 2024/2025 година за ТЕХНОЛОШКО-МЕТАЛУРШКИ ФАКУЛТЕТ-СКОПЈЕ
Почитувани идни студенти,
Пред пријавувањето во роковите утврдени со Конкурсот, секој заинтересиран кандидат треба да се регистрира на www.upisi.ukim.mk и да ја пополни електронската пријава од Iknow-системот. Бројот кој што кандидатот автоматски го добил од системот за електронско пријавување треба да се внесе и во пријавата што се поднесува при пријавувањето за запишување.
При пријавувањето за запишување на факултетите кандидатите ги поднесуваат следниве документи:
1. Пријавен лист за конкурирање А-1 (се купува во фотокопирот на факултетот или книжарница)
2.Електронска пријава генерирана од iknow-системот (интерен пријавен лист, универзитетски пријавен лист-двете пријави ги печатите од iknow системот и ги потпишувате)
3.Оргинални свидетелства од сите класови од средно образование
4.Документ за положена државна матура (оргинално свидетелство за завршено средно образование)
5.Извод од матична книга на родените-оргинал
6.Доказ за државјанство на РСМ (уверение или решение) (оргинал)
7. Уплатница од 50.00 ден. жиро сметка за административна такса.
8. Уплатница од 300.00 ден. жиро сметка на ТМФ.
• Освен горенаведените документи, кандидатите за вонредни студенти поднесуваат и документ за вонредно студирање (М1/М2 образец, или лекарско уверение издадено од Студентска поликлиника на Универзитетот Св. Кирил и Методиј, Скопје). Документите се поднесуваат во Одделението за Студентски прашања на Технолошко-металуршки факултет на 29 и 30.08.2024 година.
жиро сметка за административна такса: образец ПП 50: Назив на примачот: Трезорска сметка-Скопје: Банка на примачот НБРСМ;
Транцакциска сметка 100-0000000-630-95;
Уплатна сметка 840-XXX-03161;
Конто 722313 00
жиро сметка на ТМФ:
број на сметка: 100000000063095 буџетски корисник: 1600103360 788 16
приходна шифра и програма:723012 41
ЛИНК ДО СТРАНАТА НА УКИМ https://www.ukim.edu.mk/mk_content.php?meni=186&glavno=40