Обуки организирани од „Алкалоид“ AД Скопје
23.11.2023 2023-11-23 14:20Обуки организирани од „Алкалоид“ AД Скопје
„Алкалоид“ AД Скопје организира обуки и предавања кои ќе се реализираат во Тренинг центарот Ѓорче Петров Лафома.
Предавањата се на тема:
- Права од интелектуална сопственост во фармацијата. Предавачи: Марија Митковска, Емилија Конеска и Менче Најдоска-Богданов. Датум и време: 28.11.2023 во 12h. (времетраење 3 часа). За оваа обука има 10 слободни места за студенти од Технолошко-металуршки факултет.
1. Датабази за патенти
2. Патентни пребарувања
3. Видови патенти во фармација
4. Основи на патентни пребарувања и алатки
5. Пребарување на патент на молекула
6. Подготовка на патентна стратегија
7. Пребарување на патентни документи на оригинатор
8. Читање и анализа на патентни документи
- Регистрација на лекови. Предавачи: Зорица Кировска и Белма Асанова. Датум и време: 19.12.2023 во 12h. (времетраење 2 часа). За оваа обука има 10 слободни места за студенти од Технолошко-металуршки факултет. Темата е поврзана со градењето на досие за ставање на лек во промет CTD.
Сите заинтересирани студенти да се пријават на dekanat@tmf.ukim.edu.mk