26ти конгрес на СХТМ
27.09.2023 2023-09-28 9:4826ти конгрес на СХТМ
Во периодот од 20-23 септември во Хотел Метропол, Охрид беше одржан 26тиот Конгрес на Сојузот на хемичари и технолози на Македонија со меѓународно учество. Конгресот беше организиран од страна на Сојузот на хемичари и технолози на Македонија и Технолошко-металуршкиот факултет УКИМ-Скопје со проф. Јадранка Блажевска-Гилев, претседател на научен одбор, проф. Билјана Анѓушева, претседател на организационен одбор, проф. Војо Јованов, ас. Марија Прошева и ас.Ива Димитриевска, членови на организационен одбор.
На овој конгрес беа презентирани 200 презентации од девет научни области. Свои излагања имаа 13 поканети предавачи од Македонија, Франција, Велика Британија, Литванија, Австрија, Германија и Србија. Најновите резултати од своите истражувања презентираа 174 автори и 570 коавтори од 20 држави. Преку 32 усни и 145 постер презентации беа претставени научните достигнувања од: неорганска хемија и технологија, неоргански материјали и металургија; Органска хемија, биохемија и фармацевтска хемија Аналитичка и еколошка хемија; Физичка, структурна хемија, спектроскопија и електрохемија; Полимери и полимерни материјали; Биотехнологија и технологија на храна; Хемиско инженерство; Текстилно инженерство; и Образование. Сигурни сме дека овој конгрес придонесе за започнување на нови плодни соработки и формирање на нови пријателства.
Би сакале да се заблагодариме на сите учесници на Конгресот.
Поврзани Мислења
ВАЖНО ИЗВЕСТУВАЊЕ
СООПШТЕНИЕ за запишување на летен семестар во академска 2024-2025 година
Конкурс за втор циклус студии
Систематски преглед – студенти од прва година
ОДЛУКА за распишување на избор за претседател и членови на ФСС на ТМФ
Пребарување
Категории
Популарни тагови