Универзитет „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје
Технолошко-металуршки факултет

Вести и блог

Конкурс за прв циклус студии 2026/2027

Uncategorized @mk

Конкурс за прв циклус студии 2026/2027

ДОКУМЕНТИ ЗА КОНКУРИРАЊЕ ВО ПРВА ГОДИНА ЗА УЧЕБНА 2026/2027 година за

ТЕХНОЛОШКО-МЕТАЛУРШКИ ФАКУЛТЕТ-СКОПЈЕ

1.Пријавен лист за конкурирање А-1 (се купува во фотокопирот на факултетот или книжарница)

   Почитувани идни студенти,

Пред пријавувањето во роковите утврдени со Конкурсот, секој заинтересиран кандидат треба да се регистрира на upisi.ukim.mk и да ја пополни електронската пријава од iKnow-системот. Бројот кој што кандидатот автоматски го добил од системот за електронско пријавување треба да се внесе и во пријавата што се поднесува при пријавувањето.

     При пријавувањето на факултетите кандидатите ги поднесуваат следниве документи:

2.Електронска пријава генерирана од iknow-системот ( интерен пријавен лист, универзитетски пријавен лист-двете пријави ги печатите од iknow системот и ги потпишувате )

3.Оргинални свидетелства од сите класови од средно образование

4.Документ за положена државна матура (оргинално свидетелство за завршено средно образование)

5.Извод од матична книга на родените-оргинал

6.Доказ за државјанство на РСМ ( уверение или решение) (оргинал)

7. Уплатница од 50.00 ден. жиро сметка за административна такса.

8. Уплатница од  300.00 ден. жиро сметка на ТМФ.

9. Потребно е копија од сите свидетелста од прва до четврта година, дипломата, извод и државјанство.

  • Освен горенаведените документи, кандидатите за вонредни студенти поднесуваат и документ за вонредно студирање (М1/М2 образец, или лекарско уверение издадено од Студентска поликлиника на Универзитетот Св. Кирил и Методиј, Скопје)

Документите се поднесуваат во Одделението за Студентски прашања на Технолошко-металуршки факултет

жиро сметка за административна такса: 

образец  ПП 50: Назив на примачот: Трезорска сметка-Скопје: Банка на примачот  НБРСМ;

Транцакциска сметка100-0000000-630-95; Уплатна сметка 840-XXX-03161; Конто 722313 00

жиро сметка на ТМФ: 

број на сметка: 100000000063095               

буџетски корисник: 1600103360 788 16

приходна шифра и програма:723012 41

Електронскиот систем за пријавување на кандидатите за упис во прва година е активен и достапен на upisi.ukim.mk.

Воедно, објавен е и Конкурсот за запишување студенти на прв циклус студии, кој можете да го погледнете на:
https://ukim.edu.mk/studii/upisi/prv-ciklus/

Напомена: Електронската пријава се поднесува преку системот upisi.ukim.mk, додека потребната документација во Студентската служба се доставува на 18 и 19 август 2026 година.

              Со почит,

Технолошко-металуршки факултет-  Скопје