Универзитет „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје
Технолошко-металуршки факултет

Вести и блог

ВТОР УПИСЕН РОК ДОКУМЕНТИ ЗА КОНКУРИРАЊЕ ВО ПРВА ГОДИНА ЗА УЧЕБНА 2026/2027

Uncategorized @mk

ВТОР УПИСЕН РОК ДОКУМЕНТИ ЗА КОНКУРИРАЊЕ ВО ПРВА ГОДИНА ЗА УЧЕБНА 2026/2027

ДОКУМЕНТИ ЗА КОНКУРИРАЊЕ ВО ПРВА ГОДИНА
ЗА УЧЕБНА 2026/2027 година за
ТЕХНОЛОШКО-МЕТАЛУРШКИ ФАКУЛТЕТ-СКОПЈЕ

Почитувани идни студенти,
Пред пријавувањето во роковите утврдени со Конкурсот, секој заинтересиран кандидат треба да се регистрира на www.upisi.ukim.mk и да ја пополни електронската пријава од IKNOW -системот
Бројот кој што кандидатот автоматски го добил од системот за електронско пријавување треба да се внесе и во пријавата што се поднесува при пријавувањето.

При пријавувањето на факултетите кандидатите ги поднесуваат следниве документи:
1.Пријавен лист за конкурирање А-1 (се купува во фотокопирот на факултетот или книжарница)
2.Електронска пријава генерирана од iknow-системот( интерен пријавен лист, универзитетски пријавен лист-двете пријави ги печатите од iknow системот и ги потпишувате )
3.Оргинални свидетелства од сите класови од средно образование
4.Документ за положена државна матура (оргинално свидетелство за завршено средно образование)
5.Извод од матична книга на родените-оргинал
6.Доказ за државјанство на РСМ ( уверение или решение) (оргинал)
7. Уплатница од 50.00 ден. жиро сметка за административна такса.
8. Уплатница од 300.00 ден. жиро сметка на ТМФ.
9. Потребно е копија од сите свидетелста од прва до четврта година, дипломата, извод и државјанство.

• Освен горенаведените документи, кандидатите за вонредни студенти поднесуваат и документ за вонредно студирање (М1/М2 образец, или лекарско уверение издадено од Студентска поликлиника на Универзитетот Св. Кирил и Методиј, Скопје)

Документите се поднесуваат во Одделението за Студентски прашања на Технолошко-металуршки факултет на 10 и 11 септември 2026

Објавување резултати од успехот од средно образование( прелиминарна ранг-листа) 15.09.2026
Објавување решение за прием на кандидатите(конечна ранг-листа) 17.09.2026
Запишување на кандидатите 21.09.2026

жиро сметка за административна такса:
образец ПП 50: Назив на примачот: Трезорска сметка-Скопје: Банка на примачот НБРСМ;
Транцакциска сметка100-0000000-630-95; Уплатна сметка 840-XXX-03161; Конто 722313 00

жиро сметка на ТМФ:
број на сметка: 100000000063095
буџетски корисник: 1600103360 788 16
приходна шифра и програма:723012 41

Со почит,
Технолошко-металуршки факултет-
Скопје