КОНКУРС ЗА УПИС НА НОВИ СТУДЕНТИ ВО УЧЕБНАТА 2023/2024
14.09.2023 2023-09-15 12:27КОНКУРС ЗА УПИС НА НОВИ СТУДЕНТИ ВО УЧЕБНАТА 2023/2024
Втор рок | Трет рок | |
Пријавување на кандидатите | 18 и 19.9.2023 | 28.9.2023 |
Објавување резултати од успехот од средно образование (прелиминарна ранг-листа) | 21.9.2023 | |
Објавување решение за прием на кандидатите (конечна ранг-листа) | 25.9.2023 | |
Запишување на кандидатите | 26.9.2023 | 29.9.2023 |
Пред пријавувањето во роковите утврдени со Конкурсот, секој заинтересиран кандидат треба да се регистрира на www.upisi.ukim.mk и да ја пополни електронската пријава од Iknow-системот.
Бројот кој што кандидатот автоматски го добил од системот за електронско пријавување треба да се внесе и во пријавата што се поднесува при пријавувањето за запишување.
Пријавувањето се врши во Службата за студентски прашања на Технолошко-металуршки факултет на 18 и 19.09.2023 година од 10 до 13 часот.
При пријавувањето за запишување на факултетите кандидатите ги поднесуваат следниве документи:
1.Пријавен лист за конкурирање А-1 (се купува во фотокопирот на факултетот или книжарница)
2.Електронска пријава генерирана од iknow-системот( интерен пријавен лист, универзитетски пријавен лист-двете пријави ги печатите од iknow системот и ги потпишувате )
3.Оргинални свидетелства од сите класови од средно образование
4.Документ за положена државна матура (оргинално свидетелство за завршено средно образование)
5.Извод од матична книга на родените-оргинал
6.Доказ за државјанство на РСМ (уверение или решение) (оргинал)
7. Уплатница од 50.00 ден. жиро сметка за административна такса.
8. Уплатница од 300.00 ден. жиро сметка на ТМФ.
жиро сметка за административна такса:
образец ПП 50: Назив на примачот: Трезорска сметка-Скопје: Банка на примачот НБРСМ;
Транцакциска сметка 100–0000000-630-95; Уплатна сметка 840-XXX-03161; Конто 722313 00
жиро сметка на ТМФ:
број на сметка: 100000000063095
буџетски корисник: 1600103360 788 16
приходна шифра и програма:723012 41
Со почит,
Технолошко-металуршки факултет-Скопје