27ми конгрес на СХТМ
02.10.2024 2024-10-02 11:1127ми конгрес на СХТМ
Успешна реализација на 27миот Конгрес на хемичарите и технолозите на Македонија
„Во периодот од 25ти до 28ми септември 2024 во Охрид се одржа 27миот Конгрес на хемичарите и технолозите на Македонија.
Ни претставуваше огромно задоволство што на овој конгрес беа презентирани 22 усни презентации и приближно 200 постер презентации од страна на истражувачи од Македонија, Србија, Хрватска, Шпанија, Полска, Азербејџан, Германија, Грција, Италија, Русија, Косово, Црна Гора, Романија, Бугарија, Чешка, Австрија…
Се надеваме дека од овој конгрес ќе произлезат многу нови плодни соработки, но и многу нови пријателства.
Би сакале да им се заблагодариме на сите учесници кои преку нивните презентации и дискусии го збогатија 27миот Конгрес на СХТМ. Им се заблагодаруваме на организаторите и рецензентите за нивната неуморна работа, како и благодарност до спонзорите за нивната несебична поддршка.“ – Сојуз на хемичари и технолози на Македонија

























Related Posts
Конкурс за втор циклус студии
Jan 27, 2025
104 views
Систематски преглед – студенти од прва година
Jan 27, 2025
21 views
ОДЛУКА за распишување на избор за претседател и членови на ФСС на ТМФ
Nov 22, 2024
63 views
Izvestuvanje za realizacija na proekt
Nov 13, 2024
93 views