За факултетот
13.09.2023 2023-09-13 13:30За факултетот
Технолошко-металуршкиот факултет во Скопје е истакната образовна и научно истражувачка институција, формирана во далечната 1959 година. Од 1965 година влегува во составот на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“, во чии рамки работи и денес.
Во своето повеќедецениско постоење, оваа институција даде значителен придонес во развојот на македонското стопанство, првенствено преку обезбедување на висококвалитетен и соодветно образуван кадар, притоа секогаш следејќи ги современите пазарни трендови и научни текови.
Во сите овие години беше продуциран значителен број на дипломирани инженери, магистри и доктори на науки, кои со својата работа оставија белег во развојот на македонското општество.
Истовремено факултетот активно и континуирано ја негува апликативната и научноистражувачката работа, земајќи учество во многубројни научноистражувачки и развојни проекти како за потребите на домашното стопанство така и за научни цели.
Основната мисија на факултетот е и понатаму да обезбедува континуиран развој на соодветни кадри, со обезбедување на препознатливи и квалитетни наставни и научно истражувачки програми, да го задржи високото реноме во својот домен, како и да ги одржува и надоградува релациите со сродните научни институции и факултети.