ДОКУМЕНТИ ЗА КОНКУРИРАЊЕ ВО ПРВА ГОДИНАЗА УЧЕБНА 2026/2027 година
30.07.2026 2026-07-31 10:03ДОКУМЕНТИ ЗА КОНКУРИРАЊЕ ВО ПРВА ГОДИНАЗА УЧЕБНА 2026/2027 година
ДОКУМЕНТИ ЗА КОНКУРИРАЊЕ ВО ПРВА ГОДИНА
ЗА УЧЕБНА 2026/2027 година за
ТЕХНОЛОШКО-МЕТАЛУРШКИ ФАКУЛТЕТ-СКОПЈЕ
Почитувани идни студенти,
Пред пријавувањето во роковите утврдени со Конкурсот, секој заинтересиран кандидат треба да се регистрира на www.upisi.ukim.mk и да ја пополни електронската пријава од iKnow-системот.Бројот кој што кандидатот автоматски го добил од системот за електронско пријавување треба да се внесе и во пријавата што се поднесува при пријавувањето.
При пријавувањето на факултетите кандидатите ги поднесуваат следниве документи:
1.Пријавен лист за конкурирање А-1 (се купува во фотокопирот на факултетот или книжарница)
2.Електронска пријава генерирана од iknow-системот( интерен пријавен лист, универзитетски пријавен лист-двете пријави ги печатите од iknow системот и ги потпишувате )
3.Оргинални свидетелства од сите класови од средно образование
4.Документ за положена државна матура (оргинално свидетелство за завршено средно образование)
5.Извод од матична книга на родените-оргинал
6.Доказ за државјанство на РСМ ( уверение или решение) (оргинал)
- Уплатница од 50.00 ден. жиро сметка за административна такса.
- Уплатница од 300.00 ден. жиро сметка на ТМФ.
- Потребно е копија од сите свидетелста од прва до четврта година, дипломата, извод и државјанство.
• Освен горенаведените документи, кандидатите за вонредни студенти поднесуваат и документ за вонредно студирање (М1/М2 образец, или лекарско уверение издадено од Студентска поликлиника на Универзитетот Св. Кирил и Методиј, Скопје)
Документите се поднесуваат во Одделението за Студентски прашања на Технолошко-металуршки факултет
жиро сметка за административна такса:
образец ПП 50: Назив на примачот: Трезорска сметка-Скопје: Банка на примачот НБРСМ;
Транцакциска сметка100-0000000-630-95; Уплатна сметка 840-XXX-03161; Конто 722313 00
жиро сметка на ТМФ:
број на сметка: 100000000063095
буџетски корисник: 1600103360 788 16
приходна шифра и програма:723012 41
Електронскиот систем за пријавување на кандидати за упис во прва година, достапен на upisi.ukim.mk, е активиран и подготвен за електронско пријавување, како и информација за објавениот Конкурс.
Линк до Конкурсот:
https://ukim.edu.mk/studii/upisi/prv-ciklus/
Со почит,
Технолошко-металуршки факултет-
Скопје