Конкурс за втор циклус студии за учебната 2026/27
30.09.2026 2026-09-30 13:00Конкурс за втор циклус студии за учебната 2026/27
Документи за пријавување и запишување
| Пред пријавувањето во роковите утврдени со Конкурсот, секој заинтересиран кандидат треба да се регистрира на www.upisi.ukim.mk и да ја пополни електронската пријава од iKnow-системот. Бројот којшто кандидатот автоматски го добил од системот за електронското пријавување треба да се внесе и во пријавата што се поднесува при пријавувањето за запишување. Пријавувањето се врши во службата за студентски прашања на избраниот факултет. При пријавувањето за запишување на факултетите кандидатите ги поднесуваат следниве документи:пријава за конкурирање за втор циклус студииелектронска пријава (од www.upisi.ukim.mk); оригинален документ за завршен прв циклус студии (диплома или уверение), а за кандидатите кои завршиле во странство – Решение за нострификација на документите за завршено образование, издадено од Министерството за образование и наука на Република Северна Македонија;куса биографија (CV);потврда за активно познавање странски јазик;потврда за уплатена административната такса во износ од 50,00 денари (Образец ПП 50: Назив на примачот: Трезорска сметка-Скопје, Банка на примачот: НБРСМ, Тансакциска сметка 100-0000000-630-95, Уплатна сметка 840-ХХХ-03161, Конто 722313 00);препораки од наставни или научни работници (доколку има такви);список на стручни или научни трудови и примерок од нив (доколку кандидатите имаат);документи за евентуални награди, признанија и други документи. Кандидатите задолжително ќе добијат автоматска потврда дека електронската пошта е примена и дека пријавата е уредно поднесена. Единиците на своите огласни табли ќе ги објават роковите во кои кандидатите ќе треба да ги поденесат оригиналните документи за пријавување и за запишување. При запишувањето, примените кандидати поднесуваат: индекспријавен лист за запишувањедве фотографии (3,5х4,5)уплатница на жиро сметка на ТМФ уплатени број на кредити x 32,5 евра( прва рата) Жиро сметка на ТМФ: Број на сметка: 100000000063095 депонент: НБ на РСМ сметка на буџетски корисник: 1600103360 788 16 приходна шифра 723012 програма 41 цел на дознака школарина за тмф |
Рокови за пријавување и запишување прв уписен рок
Пријавување на кандидатите 01 до 16.10.2026
Запишување на кандидатите 21 и 22.10.2026