ПРВ АКАДЕМСКИ ЧАС 2026/2027
24.09.2026 2026-09-24 9:59ПРВ АКАДЕМСКИ ЧАС 2026/2027
Почитувани студенти – бруцоши,
Со особено задоволство Ве информираме дека започнува вашето академско патување на Технолошко-металуршкиот факултет – Скопје.
Ве покануваме на првиот академски час, кој ќе биде одржан на 1 октомври 2026 година (четврток):
- Со почеток во 10:00 часот, на платото кај споменикот на светите Кирил и Методиј во кругот на Ректоратот на УКИМ ќе се одржи симболичниот чин на доделување индекси на по еден нов студент од секој факултет, како чин на добредојде во академското семејство на УКИМ. Програмата ќе опфати свечени обраќања, културно-уметничка програма и информативна сесија, како и пригодни активности за дружење и забава.
- Со почеток во 13 часот, во амфитеатарот на Технолошко-металуршкиот факултет ќе се одржи првиот академски час, при што ќе го добиете своите индекси и ќе имате можност да се запознаете со раководството и наставниот кадар на Факултетот, вашите студиски програми и начинот на одвивање на наставата, основните права и обврски на студентите, условите за студирање и можностите за практична и научноистражувачка работа и студентските активности и можностите за учество во различни проекти и иницијативи.
Овој ден го означува почетокот на едно ново и значајно поглавје во вашиот живот. Пред вас се нови знаења, предизвици, искуства и можности за личен и професионален развој.
Добредојдовте на Технолошко-металуршкиот факултет – Скопје!
Ви посакуваме успешен почеток на студиите и многу успеси во годините што следуваат.
Со почит,
Технолошко-металуршки факултет – Скопје